“Ние изработувме врати со врвен квалитет и модерен дизајн.
Ние го правиме вашиот дом посигурно место.”

Генерации на семејства го посветија својот живот на создавање на најдобрите врати во земјава. Тоа е тимски напор кој бара креативност, инженеринг, иновација и искуство. Станува збор за РБИ Компани, каде што, не само што добивате фино рачно изработено парче за вашиот дом, туку и добивате дел од нашиот дом. РБИ Компани им овозможува на клиентите да ја имаат вратата што ја посакуваат, без разлика дали станува збор за стандарден дизајн или за врата направена по сопствена мерка. РБИ Компани е компанија која се наоѓа во Гостивар. Основана е во 1993 година, која главна дејност била поправка на машини. Но подоцна, во 2005, РБИ Компани почнува да се занимава со производство на надворешни, сигурносни врати и внатрешни (собни) врати.

РБИ Компани денес е една од најголемите произведувачи на врати во Македонија. Освен во Македонија, РБИ Компани го има проширено пазарот и надвор од границите на Македонија. Горе наведената компанија се состои од 15 вработени од различни профили кои вредно работат и се посветени на работата. Компанијата произведува високо безбедносни производи со напредна технологија. До денес РБИ Компани порасна во компанија специјализирана за производство, продажба, монтажа и сервис на сигурносни и внатрешни врати.

Квалитетни материјали

Рамките на вратите се израбени од масивно дрво, додека самата врата е изработена во поголемиот дел од дрво, обложено со панел 8 мм

Врвна изработка

Вратата и рамката се обложени со фолија што ги прави отпорни на влага и лесни гребнатинки. За секој модел изработуваме и сличен модел со стакло

Задоволни клиенти

Изработуваме разни дизајни и бои, како и можност за отворање од левата и десната страна на барање на нашите задоволни клиенти

Ви се допаѓаат нашите производи?

Произведуваме широка палета на сигурносни и внатрешни (собни) врати. РБИ Компани Ви овозможува да ја имате вратата што ја посакувате, без разлика дали станува збор за стандарден дизајн или за врата направена по сопствена мерка.